Насловна Вести Стечајците добија 50 кебиња
Стечајците добија 50 кебиња
Thursday, 17 December 2009 15:11
Стечајните работници кои штрајкуваат со глад во Куманово денеска ги посетија претставници од Институтот отворено општество Македонија и им донесоа 50 кебиња.
„Работниците потенцираа дека им е студено и сметавме и дека на оние кои штрајкуваат со глад не мора и да им студи.Треба да се искаже човечка солидарност секогаш и затоа ако е потребно ќе донесеме лекови кои не се на листата, а ќе организираме и бесплатна правна помош за стечајците.Мислам дека државните институции не можат да останат глуви на штрајкот особено што не се работи за толку голем и несовладлив финасиски залак за да се овозможи овие луѓе да си ги оставарат правата“ - вели Владимир Милчин.
Тој смета дека е егоистична и алчна нашата власт кога не сака да го реши проблемот на социјално најниската категорија на луѓе.
Стечајците штрајкуваат веќе 12 дена и досега никој од власта не ги посетил. Постојано се под лекарства поради нарушеното здравје, но велат дека нема да се откажат од штрајкот се додека не се реши нивното прашање.
 
Banner
Joomla template by DesignForJoomla.com
DesignForJoomla.com provides free Joomla templates, free and commercial Joomla extensions, Joomla tutorials and SEO tips for the Joomla CMS