31. Jan 2012 14:30 „Парада“ го престигна „Монтевидео, Бог те видео“

Филмот „Парада“ на Срѓан Драгојевиќ го престигна остварувањето на Драган Бјелогрлиќ по бројот на гледаност, соопштува „Делириум филмс“.

Овој филм се прикажува веќе 3 месеци на територијата на поранешна СФРЈ, и досега го гледале 520.000 гледачи.

Најголема гледаност има во Хрватска каде што три недели е на врвот на најгледани филмови.