27. Jan 2012 16:49 Куманово доби 50 нови контејнери

 Јавното претпријатие  "Чистота и Зеленило" набави 50 контејнери за собирање на смет кои ќе бидат поставени пред новоизградените згради, како и на локации на кои се оштетени старите.

Средствата ги обезбеди самото претпријатие.

"Тоа ќе придонесе за поефикасно изнесување и депонирање на сметот во општина Куманово. Во тек е тендерска постапка за набавка на помали возила за собирање и изнесување на смет, кои се исклучително поволни за потесните улици во централното градско подрачје и приградските населби"-информира директорот Сашо Петрушевски.