Вести
Саем на идеи во „Вук Караџиќ“
Во Основното училиште „Вук Караџиќ“ денеска се одржа презентација за претприемничко учење во рамки на професионална едукација на наставниците, како дел од проектот: „Саем на идеи за туристичка понуда на нашиот роден крај“. Во проектот се вклучени учениците од седмо и осмо одделение.
Се уредува дворот на „11 Октомври“
Екипи од ЈП „Чистота и Зеленило“ денеска ги кроеа дрвајата во дворот на училиштето „11 Oктомври“. Акцијата беше спроведена на иницијатива на училиштето, поради опасност од паѓање на дрвјата.
„Лидија„ на Светскиот ден на театарот
Утре по повод 27 март, Светскиот ден на театарот, во Кумановскиот театар ќе се одигра монодрамата "Лидија" од Мирослав Спироски во режија на Александар Ивановски.
Денот на дрвото неработен
Денот на дрвото, вторник 30. 03. 2010 ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
ЛДП со нов претставник во Советот
Драган Митевски, машински инжинер, генерален директор на Фабриката за амбалажа „Палпласт-про„ е новиот советник од ЛДП во Советот на општината Куманово. Неговиот мандат беше верификуван на последната седница.
Референтка за лични карти ја злоупотребила положбата
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Е. (29) од с.Ваксинце, помлада референтка за лични карти во Одделението за управни работи при СВР Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Се ловат кучиња скитници
Започна заловувањето на кучињата скитници во градот. Досега се фатени триесетина кучиња, а во наредниот период ќе бидат отстранети и останатите што ќе се најдат по градските улици.
Бајруш доби пет години затвор
Бајруш Сејдиу е осуден на пет години затвор во Основниот суд во Скопје. Судот го прогласи Сејдиу за виновен за нелегално здружување.
Работник од Куманово повреден во Скопје
Во несреќен случај е повреден работник која работел на изградба на трибина на спортската арена “Филип Втори“ во Скопје. Четириесет и четиригодишниот Радослав И. од Куманово монтирал скеле кога околу 14 часот паднал од четири до шест метри висина.
« Прва ‹ Претходна 123456789101112131415161718192021222324252627282930313233343536373839404142434445464748495051525354555657585960616263646566676869707172737475767778798081828384858687888990919293949596979899100101102103104105106107108109110111112113114115116117118119120121122123124125126127128129130131132133134135136137138139140141142143144145146147148149150151152153154155156157158159160161162163164165166167168169170171172173174175176177178179180181182183184185186187188189190191192193194195196197198199200201202203204205206207208209210211212213214215216217218219220221222223224225226227228229230231232233234235236237238239240241242243244245246247248249250251252253254255256257258259260261262263264265266267268269270271272273274275276277278279280281282283284285286287288289290291292293294295296297298299300301302303304305306307308309310311312313314315316317318319320321322323324325326327328329330331332333334335336337338339340341342343344345346347348349350351352353354355356357358359360361362363364365366367368369370371372373374375376377378379380381382383384385386387388389390391392393394395396397398 Следна › Последна »







Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП - Куманово
