Вести
Тешка сообраќајка во „Перо Чичо„
Во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на раскрсницата на улиците „Ѓорче Петров„ и „Михајло Пупин„, три лица се повредни, откако пијан возач на голф удрил во рено, а потоа завршил во бандера.
Прекин во водоснабдувањето на неколку улици
Поради дефект на водоводната мрежа без вода за пиење ќе останат жителите на улиците „Бајрам Шабани„, „Народна Револуција„ и делови од населбите Бедиње и Карпош.
Владиката Кирил во Света Тројца
Митрополит Кумановско-полошки, господин Кирил во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони, вчера по повод патрониот празник служеше Света Божествена Архиерејска Литургија во црквата Св. Троица.
Утре целосно затемнување на месечината
Целосно затемнување на месечината ќе има утревечер, а ќе биде видлив и од Македонија, информираат од Скопското астрономско друштво.
Од куќа украдено злато и девизи
Од куќата на Исен Рамадани во населбата Тоде Мендол непознат провалник украл златен накит и девизи во вкупна вредност од околу15 илјади евра. Случајот е пријавен во полиција која извршила увид на лице место и трага по крадецот.
Комисиите за проценка на штети од утре на терен
Три комисии формирани од локалната самоуправа ќе ги проценуваат штетите од невремето што пред неколку дена го зафати кумановско. Според информациите од Општината, комисиите од утре ќе излезат на терен да ја утврдат фактичката состојба по пријавите на граѓаните.
Гасот ќе се приклучува и во куќи
За дваесетина дена во Куманово ќе започне приклучокот на гас во домаќинствата. Од ЈП „Куманово-гас„ кажуваат дека со поставувањето на станицата за одоризација, која е неопходна за безбедна дистрибуција на гас до малите потрошувачи создадени се сите технички предуслови за нивно непречено приклучување.
Матурантите од утре полагаат државна матура
Почнувајќи од утре, па во наредните неколку денови, матурантите ќе ги полагаат испитите од државната матура, односно училишната матура и завршен испит.
Промоција на „Корени„ во Риека
Вечерва во Риека, Република Хрватска ќе биде промовиран најновиот број на списанието „Корени„. Двобројот на 35-36 издание е заднички проект на кумановската редакција, „Книжевно перо„ од Ријека,„Акт„ од Ваљево и „Зорница„ од Габрово Бугарија.
Бизнис ден во Куманово
Во Куманово утре ќе се одржи Бизнис ден за промоција на словенечко- македонското стопанство.
« Прва ‹ Претходна 123456789101112131415161718192021222324252627282930313233343536373839404142434445464748495051525354555657585960616263646566676869707172737475767778798081828384858687888990919293949596979899100101102103104105106107108109110111112113114115116117118119120121122123124125126127128129130131132133134135136137138139140141142143144145146147148149150151152153154155156157158159160161162163164165166167168169170171172173174175176177178179180181182183184185186187188189190191192193194195196197198199200201202203204205206207208209210211212213214215216217218219220221222223224225226227228229230231232233234235236237238239240241242243244245246247248249250251252253254255256257258259260261262263264265266267268269270271272273274275276277278279280281282283284285286287288289290291292293294295296297298299300301302303304305306307308309310311312313314315316317318319320321322323324325326327328329330331332333334335336337338339340341342343344345346347348349350351352353354355356357358359360361362363364365366367368369370371372373374375376377378379380381382383384385386387388389390391392393394395396397398 Следна › Последна »







Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП - Куманово
