Вести

08. Jul 2011 14:45

Намален интересот за барање азил

Намален интересот за барање азил

Над 400 кумановци се вратени од западно-европските држави каде заминале да бараат азил. Најбројни се Ромите, дури 80 проценти, 15 проценти се Албанци и 5 проценти Македонци. По градови најмногу азиланти имало од Битола, Шуто Оризари и Куманово.

08. Jul 2011 13:44

Асфалтирана улица во Тромеѓа

Асфалтирана улица во Тромеѓа

 Во селото Тромеѓа синоќа беше пуштен во употреба асфалтирана улица во должина од 1100 метри. Проектот чини 9 милиони денари, а свечената лента ја пресекоа градоначалникот Зоран Дамјановски и пратеникот Оливер Спасовски.

08. Jul 2011 11:33

Граѓаните да се пазат од измамници

Граѓаните да се пазат од измамници

 СВР Куманово ги известува граѓаните дека во летниот период се зачестени појавите на разни измами на граѓаните од непознати лица.

07. Jul 2011 17:47

Бајачки-измамнички оперираат по кумановските села

Бајачки-измамнички оперираат по кумановските села

Две жени од кумановските села Клечовце и Добрешане, останале без златен накит во вредност од околу 1000 евра, откако два бајачки им го одзеле со ветување дека ќе им ги решат семејните проблемите. Прележаните жени на изманичките им дале 2 златни прстени, бурма и 2 синџирчиња по што тие побегнале без трага.

07. Jul 2011 16:48

Утврдени само десетина проценти од штетите од невремето

Утврдени само десетина проценти од штетите од невремето

 Повеќе од два часа советниците на денешната седница му посветија на збирниот извештај за проценетите штети и настанати последици од елементарната непогода од град и поплави што зафати делови од подрачјето на Општината на 8 јуни годинава.

07. Jul 2011 16:35

Во советничките клупи седнаа Стошевска и Томовиќ

Во советничките клупи седнаа Стошевска и Томовиќ

 На денешната седница на Советот се верификуваа мандатите на двајца нови советници - Наташа Стошевска од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, инаку правник во Центарот за социјални работи и Небојша Томовиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, вработен во „ЈП Пазариште„.

07. Jul 2011 12:33

Изложба на уметничка фотографија

Изложба на уметничка фотографија

 Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утре вечер ќе биде отворена Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Фокус 2011„.

07. Jul 2011 11:00

Куманово ќе добие современ атлетски полигон

Куманово ќе добие современ атлетски полигон

 Во дворот на техничкото училиште „Наце Буѓони„ во Куманово веќе десетина дена интензивно се работи на изградба на современ полигон за атлетски спортови.

06. Jul 2011 14:13

Градските гробишта се шират и уредуваат

Градските гробишта се шират и уредуваат

Општината Куманово купи 2 хектари земјиште за проширување на Градските гробишта. Новите парцели се наоѓаат од двете страни на патот зад црквата во селото Биљановце.

06. Jul 2011 12:51

До кога улиците ќе бидат автопазар?

До кога улиците ќе бидат автопазар?

 Почитувана полицијо! Многу си ревносна и исполнителна кога треба да изрекуваш казни за сообраќајни прекршоци што, во крајна линија е в ред. Но, ај те молам, сврти ги очите и кон сопствениците на крнтии и други моторни возила означени со известувања дека ,,се продава‘‘ што ги има на стотици во сите делови на градов.

« Прва ‹ Претходна 123456789101112131415161718192021222324252627282930313233343536373839404142434445464748495051525354555657585960616263646566676869707172737475767778798081828384858687888990919293949596979899100101102103104105106107108109110111112113114115116117118119120121122123124125126127128129130131132133134135136137138139140141142143144145146147148149150151152153154155156157158159160161162163164165166167168169170171172173174175176177178179180181182183184185186187188189190191192193194195196197198199200201202203204205206207208209210211212213214215216217218219220221222223224225226227228229230231232233234235236237238239240241242243244245246247248249250251252253254255256257258259260261262263264265266267268269270271272273274275276277278279280281282283284285286287288289290291292293294295296297298299300301302303304305306307308309310311312313314315316317318319320321322323324325326327328329330331332333334335336337338339340341342343344345346347348349350351352353354355356357358359360361362363364365366367368369370371372373374375376377378379380381382383384385386387388389390391392393394395396397398 Следна › Последна »