27. Jan 2012 17:08 Македонија обезбеди Олимписки квалификации

Ракометарите на Македонија издвојуваа победа над репрезентацијата на Словенија со резултат 28:27. Со оваа победа нашата репрезентација обезбеди квалификации за Олимписките игри во Лондон кои ќе се одиграат оваа лето.

Македонските репрезентативци одиграа одлично прво полувреме во кое водеа 16-12. Потоа како и во скоро сите натпревари следуваше пад во играта кога Словенците успејаа да направат мини серија од 5 гола и го преземаа водството. Филип Миркуловски беше човекот кој ја запре таа серија, а потоа во ритам влегоа и сите останати репрезентативци и успејаа да ја вратат предноста и да ја одржат до крајот на натпреварот.

Конечно и среќата беше на наша страна, па Словенците промашија чиста ситуација која не донесе продолжетоци на натпреварот.

Кирил Лазаров со 8 постигнати гола беше најефикасен играч на натпреварот и најефикасен стрелец на Европските првенства.

Македонија со оваа победа заврши на петтата позиција на оваа ЕП.

Вечерва започнуваат и четврт-финалните натпревари, најпрвин играат Данска - Шпанија, а од 20:15 ќе играат Србија - Хрватска.