25. Jan 2012 16:13 Луковиќ центар на КК Куманово

Српскиот интернационалец Урош Луковиќ (22) од Белград е новиот центар на кошаркарскиот клуб Куманово.  Луковиќ доаѓа на местото на Немања Јелесиевиќ, кој замина во Работнички.

Веќе е потпишан договорот и Луковиќ ќе дебитира на натпреварот во сабота против Струмица. Сметаме дека новото засилување и освежување во клубот ќе донесе резултати и Куманово ќе ги реализира своите планови за пласман во супер лига- велат од клубот.

Урош Луковиќ мината година играше за КК Сарагоса во Шпанија, висок е 2.13 м, и е син на тренерот на КК Куманово Љубисав Луковиќ.