21. Feb 2012 15:14 Граѓански протест со партиски членови

 Членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска протестираа пред Општината поради тоа што во градот нема вода.

Граѓански протест со партиски членови

 Вработените во повеќето претпријатијата и институциите на централно ниво и млади, ја подржаа иницијативата на здружението  „Активно граѓанство„ што поскоро да се реши проблемот со водоснабдувањето.

Од Општината 8 години не лажат дека ќе ги решат проблемот со вода. Но Куманово остана жедно. Уредно плаќаме за услугата која не ја добиваме. Каде и за што со години одат овие пари? Срамно е и жално што во 21 век жителите на една градска општина останаа без вода. Како да се работи за општина во Сомалија, а не за општина во Европа. Бараме да се реши проблемо со вода за пиење. Надлежните во Општината и градоначалникот наместо да тераат политика нека ги засукаат ракавите и нека ни обезбедат вода за пиење- вели Ивана Арсеновска,претставник на здружение „Активно граѓанство„.

Организаторите на протестот ја одбија поканата за средбата со градоначалникот, поради тоа што не дошле да се среќаваат со него, туку да добијат официјална информација за состојбата со водоснабувањето.

 Целиот состав на ВМРО-ДПМНЕ е во првите редови, дури и советниците, а протестираат како невладин сектор. Со тоа покажуваат дека водата има политичка боја. Во изминатите години сме соочени со политиката што ја води ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво, и за се што не е добро во Македонија се штрајкува пред СДСМ. Овој проблем е инициран поради нивното настојување да се зголеми цената на водата и да се наплати наводен долг. Единствени виновни за недостиг на вода е Водостопанство односно структурата на ВМРО-ДПМНЕ, немајќи аргументи што направиле за Куманово во изминатите 7 години се служат со разни политичи трикови - речи градоначалникот Зоран Дамјановски.

Здружението „Активно граѓанство„ не е регистрирано, а нејзините претставници велат дека се невладина организација во која е добредојден секој, бидејќи е составена од млади луѓе кои се залагаат за решавање на проблемите на граѓаните на локално ниво и ги запознаваат со нивните права.