21. Feb 2012 17:06 Делови од градот и денеска без вода

 Ваквата состојба ќе се одржува до април, до кога се претпоставува дека ќе имаме намален дотур за 40 литри во секунда вода.

И покрај тоа што имаше најави од надлежните дека водоснабдувањето ќе се нормализира, повисоките делови од градот и денеска останаа без вода за пиење.  Семејствата во повеќекатниците во централното подрачје и жителите на периферијата на градот и денеска останаа со празни чешми. Сите се жалат и нагласуваат дека веќе е неподносливо вода да имаат само по неколку часови ноќе затоа што водата им треба преку ден. Според информациите на градоначалникот нема изгледи дека брзо ќе се нормализира водоснабдувањето.   

Добиваме само 160 литри во секунда вода и тие количини не се доволни. Не се пушта индустрискиот вод и најверојатно ваквата состојба ќе се одржува и во текот на месец март, па се до април, до кога претпоставувам дека ќе имаме намален дотур за 40 литри во секунда сирова вода за преобработка- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Според него нивото во липковската акумулација е зголемено за 2,5 метри што значи дека има доволно вода, а намалена е само испораката.