22. Feb 2012 11:11 Изложба на слики „Лесново 2011„
Утре во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ Куманово во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија “Лесново 2011“.
Изложбата е во организација и координација на Домот на културата “Злетовски рудар“ од Пробиштип. Колонијата се одржува по 20-пат.
Учество на Меѓународната ликовна колонија “Лесново 2011“ зедоа : Небојша Николиќ и Бојана Лазаревиќ од Србија, Етем Бајмак - Косово, Елвин Остурк - Турција, Михаела Гаджева, Татјана Златева и Емилија Очкова од Бугарија, Трајче Блажевски, Ѓоко Антониев, Владимир Темков, Трајче Чатмов, Радица Лелова, Фехим Хусковиќ од Македонија.
Изложбата ќе биде поставена до 8 март.







Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП - Куманово
