22. Feb 2012 14:23 Краделе акумулатори на југовци

Д.Н (30), М.П. (26), В.В. (21) и С.С. (20) сите од Куманово за три месеци извршиле 18 кражба на акумулатори.

Пријавените во изминатите три месеци  оперирале на подрачјето на Куманово, особено на булеварот „Октомвриска револуција„ каде насилно отварале автомобили, најчесто „југо„ и одземале 23 акумулатори, две ЦД-радиа и разен алат се во вкупна вредност од 110.950 денари.

Акумулаторите ги продавале во отпадот „Манто“, каде се пронајдени дел од акумулаторите. Сопственикот ги посочил лицата кои ги донеле акумалаторите, а обезбедил и видео снимка по што крадците биле фатени. Откако било утврдено дека се крадени, акумулаторите биле вратени на нивните сопственици.

Инаку, Д.Н. и М.П. се познати извршители на тешки кражби, кражби, како и разбојничка кражба, насилство и кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога.

 Крадците се приведени од Истражен судија од Основен суд Куманово им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Исто така, сториле и 9 кривични дела кражби кои се гонат по приватна тужба, при што одзеле 9 акумулатори во вредност од 34.500 денари.