06. Feb 2012

Марина Манојловска » Лажи Вере, лажи, лажи кој ќе лажеш!

Лажи Вере, лажи, лажи кој ќе лажеш!

Ниедна реформа не ја направивте со цел да функционира и им биде од корист на граѓаните, туку со една цел-да се добијат изборите, ама со парите на граѓаните.  Преродбата и не е пишувана за народот туку за оние кои ја пишувале. Природата на луѓето е непостојана, лесно е да се убедат но тешко е да се одржат во тоа убедување. Вие не издржавте!

23. Jan 2012

Миомир Панковски » Ден поскоро игла и конец

Ден поскоро игла и конец

Деновиве беа упатени критики за здравството на локално ниво и меѓу другото беше споменато моето име. Навлеговте со вашите критики во оваа област без да имате точни информации и факти. Затоа ќе ве потсетам на некои факти и вистини кои очигледно сакате да ги заборавите.

13. Jan 2012

Круне Младеновски » Реформа на реформите

Реформа на реформите

Промените во општеството се неминовни. Но, тие секогаш треба да бидат во функција на прогресот и двигател кон поквалитетен живот на граѓаните. Посебно кога се во прашање систематски општествени промени како кај нас. Во вакви услови на структурни реформи потребно е време, знаење, позитивни примери и целосна посветеност на сите инволвирани; како на „реформаторите“, така и на „реформираните“.

26. Dec 2011

Виктор Божиновски » ЕНЕРГИЈАТА НА НИВНАТА ПАРТИЈА

ЕНЕРГИЈАТА НА НИВНАТА ПАРТИЈА

МЕСАРИ, ЛИМОНАДЏИИ И ДЕЦА НА БИВШИ ПРИТВОРЕНИЦИ

Иако по стоти пат се зареков дека нема да навлегувам во дуели на јавна сцена предизвикани од колумни на разноразни јасновидци од ДПМНЕ и дека нема да дозволам да ме исправоцираат, сепак, драги мои, луѓево се до таа мерка без осет што се случува околу нив, што едноставно човек и да сака не може да остане рамнодушен на нивните визии и самозадоволувања што мора нешто и да им одговори, онака - у брк, за да разберат кај се наоѓаат, чисто од географски и од хигиенски причини.

14. Dec 2011

Игор Божиновски » ЕНЕРГИЈАТА НА МОЈОТ ГРАД

ЕНЕРГИЈАТА НА МОЈОТ ГРАД

Една слика со ист интензитет речиси цел месец ми стои пред очи – сликата на сплотениот град Велес. На само 30-тина километри од мојот град се создаде неверојатна енергија, се испрати јасна и недвосмислена порака, се случи – народ.

01. Dec 2011

Мартин Костовски » КУМАНОВО, КУМАНОВО У СРЦЕ Е-КУМАНОВО, КУМАНОВО ЗА НАС Е СВЕ !!!

КУМАНОВО, КУМАНОВО У СРЦЕ Е-КУМАНОВО, КУМАНОВО ЗА НАС Е СВЕ !!!

Јави се исток, нека грми од југ и север...КУМАНОВО, КУМАНОВО У СРЦЕ Е-КУМАНОВО, КУМАНОВО ЗА НАС Е СВЕ !!!!!!!Мора да признам дека е навистина прекрасно чувството кога ке се чуе или запее овој или некој сличен навивачки стих од трибините на нашиот спортски храм.

14. Nov 2011

Бране Петрушевски » Манипулација преку камен темелник

Манипулација преку камен темелник

...Нејсе, имам чувство дека на ваков начин, со неколку сечења на ленти, градоначалникот сака да се претстави како успешен политичар. Но сепак ќе го разочарам... Ќе треба уште многу труд и знаење да вложи за да биде успешен политичар. Разликата помеѓу него и успешен политичар е огромна, колку што е огромна разликата помеѓу поставување на камен темелник и пуштање во употреба...

03. Nov 2011

Круне Младеновски » „Неизорани ледини“

„Неизорани ледини“

Производството на храна на населението, квалитетот, цената и разновидноста се вечна тема. За неа постојано се зборува, размислува, раскажува, но секогаш изостанува конечниот одговор. Нашата земја ги има сите природни карактеристики за производство на храна од растително и животинско потекло. Многумина експерти дури ја споредуваат „со Калифорнија во САД“ според географската положба, климата, релјефот, почвата итн. И покрај тоа, кај нас производството на квалитетна храна го нема во доволни количини, па некои од полјоделските култури ги увезуваме од странство.

24. Oct 2011

Марина Манојловска » Визионерство и храброст!

Визионерство и храброст!

Во последно време постојано слушам како членовите на одредена политичка партија изјавуваат и пишуваат дека нашиот град назадува, нема просперитет, станува темен вилает заборавен во минатото и што е најбитно, дека ни е потребен визионер кој со својата љубов кон градот и кон татковината ќе донесе просперитет. Почитувани вмровци и нивни коалциони партнери, сакам да ве потсетам дека мојот и вашиот град, ниту е надвор од Република Македонија, ниту пак е во рацете на некоја окупаторска војска.

18. Oct 2011

Дејан Божиновски » KAKO КУМАНОВО ЈА ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗАВИСНОСТА

KAKO КУМАНОВО ЈА ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗАВИСНОСТА

Зад нас се прославите на 20-годишнината од независноста на државата и успехот на македонската кошаркарска репрезентација. Настани кои во многу работи ни покажаа каде е Куманово и како се однесуваше на одбележувањето на денот независноста на својата татковина. Град првоборец? Дали нешто се има променето во мојот град? Кој го згасна светлото во градот кој со години даваше исклучителен придонес во остварување на економскиот, политичкиот и социјалниот развој на својата татковина?

« Прва ‹ Претходна Следна › Последна »